Анастасија Ражнатовиќ на својот петти летен одмор оваа година
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, ги спакува куферите и отпатува со своите пријателки во Црна Гора, од каде веќе објави видео од забавата со Александра Пријовиќ.
Младата пејачка отпатува на море токму кога нејзината мајка Цеца одржува голем концерт во Будва.
Ова ѝ е петти годишен одмор на Анастасија годинава – Ражнатовиќ прво уживаше во Дубаи, потоа беше на Малдиви, потоа во Мексико, па во Грција и сега во Црна Гора.