
Не ја симнува насмевката од лицето!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ секој слободен момент го поминува со својот внук Жељко, а видеото што го објави ги воодушеви нејзините следбеници.

Имено, Цеца го зеде малиот Жељко во раце и го опсипа со бакнежи и нежност.
Ох бре, сè пука од бакнежи- гордо рече таа и покажа колку ужива кога се грижи за својот внук. Видеото е снимено во семејната куќа на Ражнатовиќ, а фолк-sвездата не ја тргна насмевката од лицето.

Да потсетиме, наследникот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана го добија синот Жељко во јуни минатата година.
