
Освен скапата куќа на Дедиње, фолк дивата поседува и вила на Кипар.
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ често го поминува својот одмор на Кипар, каде што е сопственик на куќа која, како што откри во една пригода, ја купила на кредит.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам на крајбрежјето. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека е тоа што го сакам. Јас веднаш зедов кредит. Да, ја купив куќата на кредит, што, нормално, ја отплаќам месечно – рече Цеца пред неколку години во „Амиџи шоу“.
Куќата се наоѓа на самиот брег, а во дворот има фреско-насликана капела осветена од свештениците на Српската православна црква.
Еве како изгледа:

