Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го прослави својот 48-ми роденден, а сега реши да го „запали“ Кипар, од каде и се огласи.
Имено, Ражнатовиќ покажа како ужива со полни бели дробови. Таа беше фотографирана во костим за капење во луксузен ресторан.
Цеца им испрати бакнеж на своите обожаватели, а сите се прашуваат како успева да изгледа толку добро.
“Се чувствувам како сеуште да имам 28, јас сум семејна жена, тука е и мојата кариера. Го средив животот, имам многу закажани настапи во текот на летото, се надевам дека ситуацијата ќе биде се подобра”, рече Цеца.