Дали малата Тара Ѓоковиќ ќе продолжи по спортските стапки на нејзиниот татко или повеќе ја интересира некои други области од животот? Ќерката на Новак Ѓоковиќ е се уште мала и рано е да се избере идна професија, но судејќи по фотографијата што нејзината мајка Јелена ја објави на Инстаграм – може да стане балерина.
Ретко го гледаме Ѓоковиќ со деца, освен кога навиваат за тато на некои турнири. Сепак, сопругата на славниот тенисер ни откри детал од нивното семејно секојдневие, според кој заклучивме дека Тара има интереси како и сите други девојки на нејзина возраст. Светло розеви фустани и танцови чевли – се е подготвено за часовите по балет, а таа ни покажа и убава фризура.
Заедно со слатката фотографија, Јелена ги потсети придружниците на важноста од зачувување на мајчиниот јазик, традиција и култура. Деновиве, семејството се одмара на „домашен терен“, па ја искористија можноста со Ана Дивац да ги посетат манастирите на Косово.