Луна стана мајка пред само два месеци, но тоа не може да се забележи по нејзината става.
Вчера Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ присуствуваа на свадба на нивни пријатели, а откако се породи, пред нешто повеќе од два месеци, немаше можност вака да се дотера.
Пејачката и учесничка во реално шоу избра краток, црвен фустан, а заводливиот крој и свилениот материјал ја нагласија линијата на телото, но и атрибутите.
Никогаш не сме имале можност да ја видиме Џогани во толку светли бои кои и прилегаат извонредно, а црвениот кармин и бујните локни го завршија овој стајлинг на вистински начин.
Иако неодамна стана мајка, таа успеа да ја врати линијата за неколку месеци, а овој сет фотографии ги остави без зборови нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Како ви се допаѓа стајлингот на Луна за оваа специјална пригода?