Најголемата балканска sвезда остана впечатлива по својот уникатен прекар.
Познатата балканска sвезда Фахрета Јакиќ, попозната како Лепа Брена, изгради кариера што го обележа постоењето на една држава. Оваа најголема југословенска sвезда остана запаметена и по прекарот по кој стана препознатлива за сите, а во една прилика откри дека двајца мажи се одговорни за него.
Целата приказна датира далеку пред нејзината поп кариера. Прекарот потекнува од нејзините средношколски денови, период кога Лепа Брена градела кошаркарска кариера во локален младински клуб.
– Прекарот Лепа брена е создаден на кошаркарскиот терен. На тренерот Владо Баер му беше комплицирано да ме вика: „Фахрета, Фахрета!“. Моите колешки беа Мила, Ката … Сите кратки имиња. И тој ми рече: „Ќе те викам Брена“. Јас велам: „Која е таа Брена?!“ Како прво, глупаво име. Мислам, од сите имиња што можеа да бидат поубави – објасни еднаш Лепа Брена
Неколку години подоцна, познатиот ТВ водител, покојниот Милован Илиќ Минимакс, во 1981 година ѝ го додаде Лепа, а останатото е историја. Децении подоцна, Брена го коментираше тој дел од прекарот:
-Не ми се допаѓаше тоа „Лепа“ затоа што не мислев дека сум убава на тој начин – рече таа во една прилика.