
Иако се „шепотеше“ дека пејачката Дара Бубамара (44) и младиот претприемач Тони (20) се раскинати, сега се дознава дека парот решил да направи посериозен чекор.
Дури 24 години помладиот Тони неодамна се пресели во станот на Дара во Нови Сад, а извор близок до парот тврди дека тој наскоро ќе го каже судбоносното „да“.

Тони веќе се пресели во станот на Дара иако има свој имот. Одлучиле да живеат во Нови Сад, имајќи предвид дека нејзиниот син Коста живее со Дара. Пејачката има и стан во Белград, па Тони е често со неа во метрополата. Тие планираат да се венчаат на ист датум со годишнината од нивната врска – изјави извор за српските медиуми.

Таа е толку заљбена што размислува за проширување на семејството. Тој е многу млад, но сака бебе со Дара. Не би ме изненадило Коста наскоро да добие брат или сестра – открил изворот и додал:

Двајцата добро се забавуваат, а хемијата меѓу нив е неверојатна. Тие навистина се сакаат. Тони и Коста станаа најдобри пријатели, а нивното семејство добро ја прифати врската – рече на крајот изворот.