Емина Јаховиќ е скоро секогаш средена и нашминкана, но овој пат одлучи да објави фотографија во целосно опуштено издание.
Емина е позната и како некој кој се грижи за својот изглед и редовно тренира, а сега на својот Инстаграм објави фотографија од теретана.
Пејачката носеше целосно црна спортска опрема, маица, хеланки и патики, како и ракавици. Ја врза косата во долно репче, клекна и направи фотографија од тренинг.
Она што сигурно може да и се припише на Емина е дека изгледа заводливо во вакво издание, бидејќи нејзината убавина успева да плени и кога е во теретана.
Потсетуваме, Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал моментално се на суд бидејќи не плаќал алиментација за нивните синови.
Емина го тужеше поранешниот сопруг затоа што не плаќаше алиментација за неговите синови 26 месеци, по што наводно возврати со тужба за старателство над Јаман и Јавуз, бидејќи таа е „несовесна мајка“. Турскиот пејач наводно во тужбата наведува дека неговата поранешна сопруга посветила повеќе време на козметичката линија отколку на нејзините синови, како и тоа дека дадилки се грижат за нив наместо мајка им.