Откако се појави фотографијата на популарната пејачка Едита Арадиновиќ од тушот, таа беше фотографирана во центарот на градот со поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, моделот Александар Јововиќ.
Парот наводно го пронашле папараците во кафуле во центарот на градот, а за да не привлече внимание, Александар седел на едната маса, додека Едита на другата со своите соработници.
Само што ги забележала фотографите, манекенката избегала од кафулето.
„Едита му рече да седне на соседната маса додека заврши со разговорите за деловните обврски. Нив ги прекинал еден фотограф, а кога Јововиќ го забележал фотографот и дека може да биде фотографиран, тој исчезнал со брзина на светлината“ – вели извор кој бил на самото место.