18-годишниот Русин Хасбула во моментов е најголем хит на Интернет, a еве кој всушност е тој (ВИДЕО)

7 јуни, 2021
f2861c7e-1c05-4def-bc18-b4c4272a48fb

АКО минавте барем една минута на Instagram, TikTok или Twitter во последните неколку дена, тогаш сигурно го видовте лицето на 18-годишниот руски блогер Хасбула Магомедов.

Хасбула или Мини Хабиб, како што уште го нарекуваат, е активен на социјалните мрежи од минатата година, но во последните неколку недели стана хит благодарение на „ TikTok “. Неговата популарност во моментов е толку голема што јутјуберот Логан Пол ја посвети борбата против Флојд Мејведер на Хасбула.

Хасбула е роден со генетско нарушување (иако не е официјално потврдено, се смета дека е џуџе) што го запре неговиот раст на рана возраст. Иако има 18 години, тој тежи само 16 килограми и висок е околу 106 сантиметри. Потекнува од рускиот град Махачкала, од каде потекнува и борецот Хабиб Нурмагомедов.

Хасбула го доби прекарот Мини Хабиб поради видеото во кое тој го имитира познатиот борец и се здоби со популарност во ММА заедницата.

escort - Korsan taksi