Ако се сомневате дека некој ве лаже, обрнете внимание на говорот на телото!

16 јануари, 2021
лаже

Секој експерт за покер ја знае моќта на „говорот на телото“ – мали постапки кои откриваат дали некој играч се обидува да измами противник.

Ново истражување сугерира дека еден од најдобрите начини да утврдите дали некој ве лаже е многу едноставен – само обрнете внимание дали ве имитира. Ако тој ве имитира, големи се шансите да станете жртва.

Холандски истражувачи од Универзитетот Еразмо во Ротердам користеле снимање на движења на телото за да го следат однесувањето на луѓето кои не ја кажуваат вистината.

– Можеме да го имитираме однесувањето на другите потполно несвесно, но поверојатно е автоматски да ги имитираме ако мозокот работи напорно за да извлече некаква корист – објасниле истражувачите.

– Бидејќи на мозокот му е потешко да биде неискрен отколку да ја каже вистината, ние обично го имитираме однесувањето на другите кога сакаме да се согласиме со нив.

Во студијата, во која беа вклучени истражувачи од Велика Британија и Холандија, волонтерите беа следени додека ја зборуваа вистината и додека кажуваа прогресивни лаги – од безопасни до големи.

Во првиот експеримент, истражувачите испитале како луѓето се однесуваат кога ја кажуваат вистината и како кога лажат. Во друг експеримент, на соговорниците им било наложено да обрнат внимание на невербалните пораки што им ги испраќаат измамници. Резултатите од двата експерименти покажаа дека невербалната координација, односно имитацијата на говорот на телото, се зголемува, бидејќи испитаниците треба да лажат повеќе.

– Луѓето се потпираат на автоматизирани процеси како што се изрази на лицето кога се под когнитивно оптоварување – заклучија истражувачите.

Eskişehir escort