БУДЕЊЕ НА СЕКСУАЛНОСТА, ВРАЃАЊЕ НА ПРИКАЗНИТЕ ОД МИНАТОТО… Ретроградниот Сатурн ќе влијае и на вашиот хороскопски знак – КАКО

22 мај, 2021
321626_shutterstock-545437081_ff

Последен пат Сатурн се движеше наназад минатата година од мај до септември 2020та и сега ни следи нов, моќен закон на кармата!

Влегуваме во период во кој ретроградното движење на Сатурн нè соочува со незавршени или дотраени, нерешени околности кои сè уште живеат во нашите животи и се препуштени сами на себе.

Последен пат Сатурн се движеше наназад минатата година од 11 мај до 29 септември 2020та. Обидете се да се присетите што ви се случувало тогаш затоа што некои од тие теми може да бидат повторно релевантни, особено ако не биле завршени тогаш и тоа во периодот од 23 мај до 11 октомври 2021 година.

Можеби сме свесни за некоја незавршена работа, гледаме дека имаме проблем, но сè уште не сме се осмелиле да го решиме, туку пуштаме… Во следните месеци, ваквите работи стануваат опипливи и реални, тие се пред нас и овој пат не можеме да избегнеме соочување.

Се враќаме во минатото затоа што таму сè уште има нешто „живо“, нешто со што не сме во мир и што не сме го ставиле на своето соодветно место. Ќе добиеме нови искуства со цел подобро да разбереме, преиспитаме, да ја научиме лекцијата. Последицата од ваквите активности може да донесе ново решение, нов модел на однесување што ќе го подобри квалитетот на нашите животи.

Бидејќи Сатурн е исто така планета на кармата, неговото мото – она ​​што си го дал, направил, се враќа – е нешто што ќе нè следи почесто до средината на октомври. Не станува збор за казна, туку за лекција, за можноста да се биде подобар.

Овој транзит може да изнесе на површина некои стравови, вознемиреност.

Еве на кои области ретроградниот Сатурн може да влијае на вашиот живот:

Овен: пријателства, поврзување со другите, вашата улога во општеството, како ја примате љубовта

Бик: кариера, односи со авторитетите, деловен статус, завршување и нов почеток

Близнаци: образование, промена на верувањата, патувања и односи со странство

Рак: имот, наследство, финансиски инвестиции, сексуалност, врски, лична моќ

Лав: односи со другите, судски спорови, сите видови на партнерства, договори

Девица: здравје, работа и работни услови, секојдневие

Вага: љубов, социјален живот, пријателства, односи со децата, родителство, хоби

Шкорпија: домување, дом, родители и родителска улога, семејна динамика

Стрелец: учење, начин на размислување, односи со блиски роднини

Јарец: финансии и чувство на лична вредност

Водолија: однос кон себе, промени на лично ниво

Риби: минато, незавршени приказни од минатото, духовност

escort - Korsan taksi