Дали би ја носеле оваа „паметна“ маска? Заштитува од корона вирус и не прави бразди на лицето

7 април, 2021
hipermaska-830x0 (1)

Маската има повеќе филтри, и му овозможува на корисникот да остварува телефонски повици и да слуша музика

Од појавата на вирусот САРС-КоВ-2, експертите неуморно трагаа по адекватен начин на заштита што ќе спречи продирање на вирусот во носот и устата. Прво носевме хируршки маски, па се почесто памучни, а потоа и оние со филтри.

Епидемиолозите постојано ја истакнуваат важноста да се носат маски за време на пандемијата, не исклучувајќи ги и вакцинираните.

Американската компанија Honeywell и раперот Will.i.am направија „паметна“ маска за лице која, како што тврдат, не само што штити од корона вирусот, туку има и микрофон и слушалки, му овозможува на корисникот да слуша музика и да прима телефонски повици, има LED ноќно светло … Покрај тоа, маската содржи неколку филтри, што е од особено значење во сегментот на заштита од патогени микроорганизми.

Направена е од иновативни материјали, така што е удобна за употреба и лесно се прилагодува на лицето, не остава бразди и лузни и по неколкучасовно носење. Се напојува со батерија на полнење што може да трае седум часа.

Рокот на употреба на маската е ограничен на една година.

Маската е дизајнирана од Хозе Фернандез, кој беше задолжен за правење на облека и костуми за научно фантастични филмови во холивудски продукции.

Идејата да се создаде ваква маска потекна од 45-годишниот рапер.

– Живееме во ера на научна фантастика, но среде пандемија носиме маски од стар филм. Сакав маска што одговара на нашето време – рече Will.i.am, кој е и промотор на оваа маска.

Маската ќе биде достапна во повеќе бои, а малопродажната цена во САД е 299 долари.

Како ви се допаѓа оваа маска против корона? Дали би ја носеле?

escort - Korsan taksi