Дали ви е ладно и не можете да се загреете? Сигурно правите една од овие грешки!

1 февруари, 2021
е

Снег го обели Балканот овој викенд, и многумина побрзаа да го искористат овој пат за санкање и скијање, но има и такви што се толку зиморливи, што дури и бела сцена нема да ги „избрка“ на чист воздух. Ако сте меѓу оние кои треперат како гранче штом излезат од топлината на нивната куќа, и покрај дебелата јакна, ракавици, шал, капи и чизми, ви донесуваме неколку изненадувачки и неочекувани начини да се стоплите.

Не го зголемувајте централното греење

‘Кога ќе излезете од многу топла куќа надвор на студ, таа ненадејна транзиција може да предизвика промени во тенките крвни садови кои можат да предизвикаат таканаречена болест „Рејно“. Поради ова, крвните садови доживуваат еден вид спазам, крвта се повлекува од нив чувствувајќи студ и болка. За да го избегнете ова, не прегревајте го станот, туку одржувајте ја температурата околу 20 степени.

Пијте кафе или чај без кофеин

Ако мислевте дека ќе ве стопли топлото кафе што сте го испиле надвор на патот кон работата, не сте во право. Поради кофеинот од кафето, температурата на телото се намалува. Имено, кофеинот блокира некои рецептори во крвта, така што ќе изгубите топлина порано. Имено, со кафето со кофеин ќе почувствувате студ порано. Пробајте чај од ѓумбир, кој природно има својства на затоплување.

Не ставајте ги рацете во џебовите

Одолеете на потребата да ги ставате рацете во џебовите кога одите на студ. Експертите советуваат дека е подобро да се шетате со рацете покрај телото, што, додека се ниша, полесно ќе ја стимулира циркулацијата и ќе го загрее телото.

escort - Korsan taksi