Дали знаете каде во Европа се пие најмногу алкохол?

7 август, 2021
pexels-helena-lopes-696219-750x500

Објавени се податоци за истражување за навиките за консумирање алкохол во земјите -членки на ЕУ.

Алкохолни пијалоци во ЕУ најчесто пијат Португалците, а најмалку Летонците и Литванците, покажува најновото истражување на Евростат, објавено по повод Светскиот ден на пивото.

Истражувањето покажа дека во Португалија дури петтина од населението (20,7 проценти) консумирале алкохолни пијалоци дневно, во Шпанија (13,0 проценти) и Италија (12,1 проценти). Спротивно на тоа, Летонија и Литванија, каде што дневно пијат само еден процент од граѓаните.

Кога се гледаат неделните анализи, води Холандија, каде што речиси половина од населението пиело алкохол еднаш неделно (47,3 проценти), потоа Луксембург (43,1 проценти) и Белгија (40,8 проценти).

Месечната консумација на алкохол во ЕУ, сепак, беше најголема во Литванија со 31,3 проценти, Летонија (31,1 проценти) и Кипар (30,4 проценти).

Според најновите истражувања за 2019 година во ЕУ, 8,4 проценти од возрасната популација консумирале алкохол секој ден, 28,8 проценти неделно, 22,8 проценти месечно, додека 26,2 проценти никогаш не консумирале или не консумирале алкохол во последните 12 месеци.

Утврдено е дека дневната консумација на алкохол се зголемува со возраста, при што оние на возраст од 15 до 24 години пијат најмалку (1,0 проценти) и оние над 75 годишна возраст најмногу (16,0 проценти).

Исто така, во сите земји-членки на ЕУ, мажите конзумираа алкохол почесто од жените, при што граѓаните во Данска (38 проценти) најмногу се опиваат (т.н. „тешко епизодно пиење“) и најмалку во Кипар и Италија (4 проценти).

escort - Korsan taksi