Дневен хороскоп за 22 август 2021

22 август, 2021
dogovoreno-660x330k

ОВЕН

Грижата за себе нека ви стане приоритет! Денес Сонцето ќе премине во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, поттикнувајќи ве да ја зголемите физичката активност, да внимавате што ставате во уста и да ги избегнувате стресните ситуации.

Пријателите ќе ви бидат најголемата поддршка. Денес ќе настапи и полна месечина во вашата 11-та куќа на друштвените активности. Можно е да склопите пријателство поради кое ќе станете подобра верзија од себеси.

БИК

Шарм и сексапил – овие зборови најточно ќе ја опишуваат вашата појава денес. Сонцето ќе премине во вашата 5-та куќа на гламурот и страста, давајќи ви привлечност за каква што многумина мечтаат. Заведете го оној што ви се допаѓа.

Полната месечина денес ќе настапи во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање. Ваш сон ќе стане јаве и ќе ви го намали стравот од неизвесната иднина.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе бидете растргнати помеѓу желбата да отпатувате некаде и потребата да останете дома. Додека Сонцето ќе патува во вашиот сектор на семејството, полната месечина ќе настапи во вашата 9-та куќа на авантурите.

Пронајдете баланс. Некои близнаци ќе одат на патување заедно со семејството и ќе поминат квалитетно време со најмилите.

РАК

Денес ќе излезете од вашата школка и ќе се поврзете со светот. Сонцето ќе се пресели во вашата 3-та куќа на комуникацијата, правејќи ве како магнет за луѓе. Многу луѓе ќе бидат заразени од вашата позитивна енергија и желбата за живот.

Полната месечина денес ќе настапи во вашата 8-ма куќа на трајните партнерства. Можно е да бидете запросени пред партнерот на јавно место или пак да ја запознаете вашата сродна душа за време на излегување со пријателите.

ЛАВ

Го прославивте вашиот роденден? Сега е време да го облечете вашето деловно руво и да се вратите на сериозната страна од животот, бидејќи Сонцето ќе премине во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Многу лавови ќе пронајдат дополнителни начини за заработка.

Денес ќе настапи и полна месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, што значи дека некои лавови ќе бидат запросени, додека други ќе влезат во нова врска.

ВАГА

Одморете се! Денес Сонцето ќе премине во вашиот сектор на лекувањето и ослободувањето што значи дека треба да се фокусирате на обновување на вашата енергија и чистење на вашиот живот од непотребните нешта.

Полната месечина денес ќе настапи во вашата 5-та куќа на страста и романсата. Нови врски се на повидок.

ШКОРПИЈА

Пријателите ќе бидат насекаде за вас! Денес Сонцето ќе премине во вашата 11-та куќа на друштвените активности што значи дека одлично ќе комуницирате со секого. Мрежат од контакти ќе ви се зголеми значително во претстојните месец дена.

Позитивен настан ќе донесе среќа под вашиот семеен покрив. Нешто кон кое со месеци сте се стремеле сега ќе ви стане јаве под светлината на полната месечина во вашата 4-та куќа.

СТРЕЛЕЦ

Сонцето денес ќе ги насочи зраците кон вашата 10-та куќа на долгорочното планирање и мажите. Односите со вашиот партнер, татко, брат, пријател… ќе се подобрат. Во кариерата на некои стрелци важна улога ќе одигра личност од посилниот пол.

Вашите идеи не се за криење. Полната месечина денес ќе настапи во вашата 3-та куќа на интелектот, потсетувајќи ве дека имате брилијантен ум. Искажувајте ги вашите ставови.

ЈАРЕЦ

За вас не постојат граници, раширете ги крилјата и одлетајте! Денес Сонцето ќе го угрее вашиот сектор на авантурите и патувањата, носејќи ве далеку од дома. Некои јарци ќе одлучат да основаат сопствен бизнис, а други ќе добијат шанса за работа или едукација во странство.

Полната месечина денес ќе настапи во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Можна е неочекувана добивка, унапредување или бонус во претстојните денови.

ВОДОЛИЈА

Споделете ги вашите тајни со партнерот! Денес Сонцето ќе го угрее вашиот сектор на интимноста, па слободно ќе ги разголувате и душата и телото пред саканиот. Некои парови ќе се заколнат на вечна љубов.

Полната месечина денес ќе настапи во вашиот знак, што значи дека сите погледи ќе бидат насочени кон вас. Самодовербата ќе ви биде огромна и ќе уживате во вниманието.

РИБИ

Сонцето денес ќе премине во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Купидон веќе ги има насочено љубовните стрели кон вас, па голема е веројатноста да се заљубите на прв поглед. Паровите ќе прослават за веридба, бременост или нов дом.

Полната месечина денес ќе настапи во вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците. Ќе затворите болно поглавје и ќе отворите ново, многу подобро.

escort - Korsan taksi