Џенифер Лопез го оцрнува посилниот пол: Мажите се неупотребливи пред да наполнат 33 години! (ФОТО)

5 март, 2021
241799_profimedia0584442856_ls

Ако некогаш сте се обиделе да најдете љубов преку апликации за запознавање, процесот ви е приближно познат и знаете колку може да биде исцрпувачки.

Во новата епизода од серијата „Tinder’s Swipe Session“, познатата пејачка Џенифер Лопез и помогна на 29-годишната кантри пејачка Брук во потрага по соодветен партнер преку апликацијата Тиндер. Брук рече дека сака таков човек кој знае да сечка дрва. За време на процесот на пребарување, откако Брук одлучи да не избере еден од потенцијалните додворувачи затоа што неговиот опис гласеше „Ако чуваш кечап во фрижидер, тоа нема да работи меѓу нас“, Лопез реши да и даде неколку совети за потрага по идеалниот човек

„Мажите се целосно бескорисни до својата 33 година“, изјави Џеј Ло.

Оваа изјава веројатно не важеше за сите мажи на возраст под 33 години, но судејќи според зборовите на Џејн Грир, доктор и експерт за односи од Њујорк, овој совет всушност има многу смисла, особено ако барате сериозна врска

Dženifer Lopez

“Мажите можеби ќе треба да ги достигнат своите рани триесетти години за да ја постават својата кариера на вистинска основа и да постигнат финансиска стабилност што им помага да се чувствуваат посигурни за нивните животи. Како резултат, тие на тој начин ја стекнуваат потребната зрелост што доаѓа со достигнувања, искуство и успех ”Рече Грир. Ова не значи дека момците во дваесеттите години воопшто не треба да се земат предвид, но нуди објаснување зошто на многу мажи им е полесно да направат сериозни врски по триесеттите години.

escort - Korsan taksi