Фенг Шуи правила: На овие места не треба да има вода во домот!

23 март, 2021
Screenshot_6

Според Фенг Шуи, водата носи среќа и просперитет, но има и одредени правила што мора да се следат.

Многу е важно да водите сметка вашата вода да биде секогаш свежа, чиста, да тече и да клокоти и да е на поволно место според Фенг Шуи.

Вода од десната страна на влезната врата

Гледано одвнатре (се однесува на вода внатре во домот, како и надвор). Оваа локација на која било количина на вода би значела непријатности за вашето семејство ако сте во брак и многу лоша репутација ако не сте во брак. Затоа, многу е важно да бидете сигурни дека вашиот аквариум, фонтана, езерце или водено-цветни аранжмани никогаш не се најдат во таа крајно неповолна положба.

Ако е можно, ставете водопад или фонтана на левата страна од влезната врата, што е особено погодно. Секогаш оставајте водата да тече кон домот, а не од него и држете ја барем неколку метри подалеку од влезната врата.

Вода во спалната соба

Водата што се користи во Фенг Шуи е секогаш Јанг. Спалната соба секогаш треба да биде малку повеќе Јин. Затоа, водата во спалната соба станува Јин и дејствува неповолно. Тоа му штети на здравјето и хармоничните брачни односи. Не е ни пожелно да се постави слика со мотив вода во спалната соба, а камоли вистинска вода. Експертите тврдат дека чаша вода на ноќната маса нема да ви наштети.

Вода зад грб

Ова се однесува на аквариуми, затворени фонтани и слики со воден мотив што може да се најдат надвор од видното поле, и зад грб додека седите и одмарате или работите. Не се однесува на славини и вазни.

Неповолна вода

Тоа е вода што стоела, станала матна, смрди, во која нешто скапува. Може да биде аквариум што не сте го исчистиле на време, вазна на која итно треба да се смени вода, терариум или езерце кое било нападнато од лисја.

Вода под скалите

Ова е друго место каде не сакате да имате ништо водено, особено ако имате деца. Вазни со цвеќиња, аранжмани за вода, фонтани за простории може да изгледаат на прв поглед како идеална декорација за празен простор, но имајте на ум дека одење по скалите симболично ги газите овие вредни фенг шуи симболи на богатство и просперитет и со тоа ги омаловажувате. Бидејќи просторот под скалите директно влијае на среќата на децата и потомството, без разлика дали живеат со вас или пораснале и се оддалечиле, ставањето вода на ова место ќе им нанесе голема финансиска штета.

escort - Korsan taksi