Фенг шуи правило: Водата во одредени делови од домот може да донесе несреќа

28 март, 2022
Screenshot 2021-09-27 163903

Користејќи ја во мали количини (чаши, вазни) може да биде доста корисна, велат експертите за фенг шуи. Сепак, многу е важно да се стави на вистинското место, а важна е уште една работа.

Имено, водата што ја ставате во одредени делови од домот мора да биде свежа, бистра, по можност да тече (мини куќни фонтани), и никако не смее да биде застоена. Со вода, можете да го уредите просторот на многу начини, од тоа да стои во транспарентна вазна, аквариум со риби, до тоа да се наоѓа во чаша на масата или фиоката.

Каде никако не смее да има вода во домот

1. Вода во спалната соба

Со спалната соба секогаш треба да владее симболот Јин од фенг шуи, а водата е секогаш Јанг. Затоа, водата во спалната соба има многу неповолен ефект. Се смета дека ги нарушува брачните односи, па дури и се верува дека во собата не треба да има слики со мотиви на вода. Сепак, чаша вода на ноќната маса нема да предизвика толку голема штета колку што може да има вазна, аквариум и слично.

2. Десно од влезната врата

Гледано одвнатре, водата никогаш не смее да стои на ова место. Тоа може да донесе многу непријатности за семејството, и ако сте во брак, сметаат експертите, тоа може да доведе до многу лоши партнерства. Истражувањата покажаа дека на оженетите мажи, водата на ова место носи бројни можности за прељуба.

3. Вода зад грб

Ова правило важи за фонтани во домот, аквариуми и секое уметничко дело со воден мотив. Зошто? Не е добро да го имате овој моќен елемент надвор од вашиот поглед, бидејќи се смета дека таквата позиција носи несреќа или предавство и на деловно и на приватно ниво од луѓе од кои најмалку би очекувале. Ова, се разбира, не важи за река, езеро или море во реалноста, бидејќи таквите ситуации е невозможно да се избегнат. Значи, исклучиво за домот.

4. Вода под скалите

Не треба да имате ништо што содржи вода или течни супстанции на ова место. Особено е важно да го избегнувате ова место ако имате деца. Вазни со цвеќиња, аранжмани со вода, аквариуми, фонтани и се што содржи воден мотив мора да се отстрани од ова место. Иако, на прв поглед, водата изгледа како совршена декорација за ова место (бидејќи не знаете што друго да ставите), мора да ја преместите бидејќи се верува дека одејќи по скалите го газите најмоќниот симбол на Фенг шуи. Тоа негативно влијае на среќата на децата, потомците, но и финансиите во домот.

escort - Korsan taksi