ХОРОСКОП за 27 март: Стрелецот добива шанса, а денес бегајте од ОВОЈ знак

27 март, 2021
52db83542cf4de901431a512fd411d3aceb46693

Ако Рибите денес не задоцнат ќе добијат голема можност.

ОВЕН

Се обидувате да ги завршите обврските што амбициозно ги преземавте. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувство дека на крајот сè ќе заврши на најдобар начин за вас. Вооружете се со трпеливост и чувајте се од повреди.

БИК

Уморни сте од чекање. Ќе мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги решите сите заплеткувања и недоумици кои ве мачат веќе некое време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките што би можеле да ги направите денес, во иднина ќе бидат непоправливи.

БЛИЗНАЦИ

Оптеретени сте со љубовниот живот. Саканата личност не успева да го следи хаотичното темпо во кое западнавте, во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите на време, ќе се претворат во сериозен конфликт.

РАК

Опкружени сте со луѓе кои постојано ви кажуваат што и како треба да да правите. Иако не сте барале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не личи на вас да мислите со туѓа глава, дистанцирајте се на време.

ЛАВ

Премногу сте сериозни. Денот е совршен да си оддадете малку одмор, да се тргнете од работата и да поминете време со пријателите оттргнувајќи ги мислите од работата. Работата нема да бега, никој нема да забележи дека не сте таму и ќе се вратите освежени.

ВАГА

Од една страна, имате луѓе посупериорни од вас, а од друга страна, оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да ги задоволите сите, треба да одмерите правилно. Бидете решени, вашето чувство за правда ќе победи.

СКОРПИЈА

Фокусот е на семејните односи, без разлика дали станува збор за вашето семејство или вашиот партнер. Посветеноста е нешто што ве издвојува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Подобро слободното време да го поминете под ќебе.

СТРЕЛЕЦ

Имате можност да ги поправите старите недоразбирања и да го освежите контактот со луѓе што претходно сте ги елиминирале. Вашата убедливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете одговорност што не е ваша.

ДЕВИЦА

Вие сте мајстор за да си натоварите работа на себе, но прашањето е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради прекумерна несигурност и болка, прифаќате, на ваша штета, сè што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.

ЈАРЕЦ

Ако ја пренесете својата нервоза и напнатост на вашиот партнер, постои голема можност да ја пренесете кризата и во вашето опкружување. Со помош на еден член на семејството, ќе го вратите оптимизмот, иако реалната состојба сепак бара голема претпазливост.

ВОДОЛИЈА

Носите крај на многу заостанати работи со кои се борите веќе некое време. Со одредена одлука или судска пресуда ќе се реши се, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

РИБИ

Ако успеете да го започнете денот без доцнења и одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата деловна активност е поврзана со странство. Не вклучувајте ги вашите пријатели во вашите напори, решете ги проблемите сами.

escort - Korsan taksi