Инфлуенсер ги шокирал своите следбеници: Го изгубил облогот па ставил силикони!

11 март, 2021
4jyk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdZN01EQV8vNWQ1YjAxMjg4NzlkNDczZTdhMzNjZDhkYWEyZmZkODEuanBnkZMCzQSwAIEAAQ

Колумбискиот модел и инфлуенсер Џеферсон Косио неодамна остави милиони следбеници во шок покажувајќи ги своите нови гради, откако направи операција за имплантација, што си ја постави како „предизвик“.

Минатиот месец, младиот модел објави дека се обложил со братучедот и колега дека во одреден временски период бројот на неговите следбеници ќе достигне три милиони, а ако изгуби, неговиот братучед ќе мора да ги зголеми градите.

На крајот, и двајцата завршија со силикони.

„Можете ли да ме замислите како стар човек, да раскажувам приказна за тоа како го изгубив облогот и завршив со овие огромни гради? Сепак, не сум загрижен, веќе разговарав со клиниката и ми објаснија како да го направете тоа без да му наштетите на своето здравје“, напиша Касио на Instagram.

Џеферсон успеа да го заокружи бројот на свои следбеници во договорениот рок, па неговиот братучед Лопез мораше да ги зголеми градите, но Касио сметаше дека би било интересно да го сподели тоа искуство, па му се придружил на операционата маса.

Како што беше планирано по неколку дена, на двајцата им беа отстранети имплантите, за да немаат трајни последици, но засекогаш ќе имаат фотографии и видеа од своето лудо искуство.

escort - Korsan taksi