ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА НА РОЗОВАТА МЕСЕЧИНА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЖИВОТ: Подгответе се да ја решите мистеријата и обрнете внимание на емоциите!

2 април, 2021
2517541_profimedia0258192055_ls

Полната месечина во април ќе се појави на 26-ти во понеделник. Традиционално се нарекува розова месечина и е супер-месечина што се појавува два пати годишно.

Името нема никаква врска со бојата, туку со дивата билка розова мов (флокс) што цвета на почетокот на месецот.

mesec

Втората супер-месечина ќе се појави на 26 мај. Што всушност значи тоа? Имено, ваквата месечина е поголема и посветла од стандардната полна месечина.

Што се однесува до астролошкиот аспект, работите стојат вака: розовата месечина е во Шкорпија, а тоа значи многу работи. Како прво, планетата на сите неочекувани работи, Уран директно ќе се спротивстави на полната месечина во Шкорпија на 26 април.

Уран ќе биде заедно со Сонцето во Бик, а Венера и Меркур исто така ќе бидат во Бик, правејќи ги овие планети многу нестабилни.

Розовата месечина е тука за да нè потсети дека за сè што сакаме да постигнеме, мора да работиме напорно! Ова е практична страна на плановите, соништата, идеалите.

Таа со своите зраци ќе ги осветли најдлабоките чувства и најмрачните тајни – затоа бидете подготвени да нуркате под површината и да се потопите во најголемите мистерии на животот.

ruzicasta mahovina, cvet

Што е добро да се прави за време на полна месечина?

Анализирајте ја рамнотежата помеѓу деловното и приватното, елиминирајте го отпадот и зголемете го вашето здравје и ефикасност.

Обрнете внимание на сите потребни детали во договорот, проектот или врската.

Направете ја работата најдобро што можете.

Држете го вашето здравје под контрола – што може да се подобри?

Направете пролетно чистење дома или на работа – направете околината да работи за вас.

Направете ги сите потребни поправки.

Погледнете го списокот што на обврски и прецртајте го она што не е важно.

Проверете ги вашите банкарски сметки.

Фокусирајте се целосно на бараните задачи и извршете ги чекор по чекор.

Детоксикација на телото и умот.

Исчистете некои аспекти од вашиот живот.

Бидете практични и само направете го она што ви одговара!

Пристапете кон тешките задачи и пронајдете функционални решенија.

Обврзете се да поддржувате промена во вашата дневна рутина што може да ви го промени животoт.

mesec
escort - Korsan taksi