ИЗВЛЕЧЕН Е ЛОТО ДОБИТНИКОТ НА 26 МИЛИОНИ, но…

18 мај, 2021
416046_dylan-nolte-rssqjpezn6o-unsplash_f

Калифорнискиот добитник на лотарија од 26 милиони долари можеби ја „испрал“ својата шанса да освои цело богатство

Идентитетот на добитникот на наградата за лотарија не е познат, но една жена од Америка тврди дека ја добила познатата лотарија „Супер лото плус“. Билетот го нема, бидејќи по грешка го испрала во машината за перење. А билетот е купен во продавницата „Арко“ , во предградието на Лос Анџелес.

Бидејќи победникот не одговори на време, рокот од 180 дена истече и се смета дека нема победник.

Есперанза Хернандез, која е вработена во продавницата во Лос Анџелес, каде е купен билетот, за медиумите изјави дека жената дошла и им кажала на работниците дека во панталоните го ставила билетот за лотарија, кој го испрала во машината за перење алишта.

Менаџерот на продавницата посочува дека на видеото за надзор се гледа жената која го купила билетот.

„Копија од видеото за надзор им беше предадено на службениците на лотаријата во Калифорнија“, рече управителот на продавницата.

„Службениците за лотарија истакнуваат дека некој што верува дека е добитник мора да пополни образец за барање. Но, ако некој го изгуби билетот, тој мора да достави докази дека го поседувал, како на пример фотографија од предната и задната страна “, истакнаа претставниците на лотаријата.

Победничките броеви беа: 23, 36, 12, 31, 13 и мега број 10. Наградата од 26 милиони долари може да се земе на рати или како опција во готово од 19,7 милиони долари.

Доколку не се бара наградата, 19,7 милиони долари ќе бидат наменети за државните училишта во Калифорнија.

Продавницата што го продаде билетот ќе добие бонус од 130 000 американски долари.

escort - Korsan taksi