Ја осудија на социјалните мрежи бидејќи по венчавката се здебелила 90 килограми: „Го мамиш сопругот“

17 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-17 155102

Од објавувањето на безопасното видео пред два дена, тоа веќе собра над 5,9 милиони прегледи

Ако прашате некого во долга врска како се променил неговиот изглед од почетокот на врската досега, големи се шансите да признае дека се здебелил. Сепак, да имате квалитетна врска значи да поминувате време заедно и да бидете целосно свои, а тоа понекогаш вклучува и јадење нездрава храна.

Откако го запознала својот сопруг на апликација за средби во 2018 година, ТикТокерика Кејт, која има заеднички профил со партнерот Ендру, се здебелила повеќе од 90 килограми. Според „Сан“, на почетокот на оваа недела таа учествувала во предизвик во кој покажала како изгледала кога се сретнала со сопругот и како изгледа сега.

@k8andmatthew

ope hopping on this trend.. friendly reminder charm is deceptive and beauty is fleeting, don’t settle for less than true love 💕💕 #greenscreen

♬ original sound – Loghan
 | Autor : TikTok

На старите фотографии, Кејт има помалку килограми и изгледа видливо послабо, додека на новите фотографии има неколку килограми повеќе. Сепак, таа не дозволува ова да ја загрижува и напиша во описот: „Имам еден пријателски совет: шармот е мамлив, а убавината е минлива. Не се согласувајте на ништо помалку од вистинска љубов! “

Од објавувањето на безопасното видео пред два дена, тоа веќе собра над 5,9 милиони прегледи и додека повеќето од коментарите беа позитивни, некои корисници ја обвинија Кејт дека го „изневерила“ нејзиниот сопруг.

 | Autor : TikTok

Во следното видео, таа одговори на негативните коментари: „Луѓето се однесуваат како мојата цел да е прекумерна тежина и изневерување на мојот сопруг. Не, мојата цел е да бидам среќна и сигурна, без оглед што ќе видам во огледало“.

Ендру, исто така, одговори на негативните коментари велејќи: „Навистина сум среќен! Посреќен од кога и да било пред да ја запознаам Кејт. И нема ништо на нејзиното тело што може да го промени тоа“.

Кејт објавува видеа на својот засебен профил на „ТикТок“, во кои ја снима својата борба со губење на вишокот килограми и објаснила дека веќе изгубила 45 килограми пред да го запознае Ендру. Многу корисници се пронајдоа во нејзините видеа.

„Поради ова се чувствувам многу подобро. Истата работа ми се случи додека мојот дечко остана слаб, но сепак ме сака“, напиша една корисничка, додека друга додава:„ Ти си убава и сосема е нормално да се здебелиш и изгубиш тежина. Ако сте среќни и задоволни, тоа е сè што ви треба“.

escort - Korsan taksi