Мајко мила, кој сѐ вози автомобил…: Снимки од еден паркинг станаа хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

23 јуни, 2021
Screenshot_1

На видеото е забележан неуспешен обид да се излезе од паркинг кој ги разбуди сите соседи.

На социјалните мрежи кружи видео од Задар, во кое е направен обид да се излезе од паркинг каде непознато лице зад воланот правеше маневри цела минута, удирајќи во возилото пред него.

Иако од снимката се гледа дека возачот имал доволно простор да излезе од паркингот без да го оштети имотот, на крајот тоа не го сторил. Видеото предизвика лавина коментари, па некои пишуваат: „Чекај…па кој и да бил зад воланот удрил во друг автомобил. УДРИЛ ВО ДРУГ АВТОМОБИЛ и заминал. И заминал… Како ништо да не се случило. Мајката… Возачката дозвола на тоа лице треба веднаш да се одземе. Ќе убие некого “.

„Виновни се автошколите, ги пуштија на патот како муви без глава. Пред да ги усовршите основите, не излегувајте на патот“, гласи друг коментар.

Можете да го погледнете видеото објавено на страницата за сообраќајни несреќи подолу, па проверете што се случува кога ќе ги заборавите основите за паркирање.

escort - Korsan taksi