На оваа жена и се случи еден неверојатен феномен! “Забременив и сфатив дека носам близнаци, а 10 дена подоцна следуваше шок!”

17 јануари, 2021
2_400x0

Бремена жена која се претставува како @theblondebunny1 на Тик Ток крена голема прашина со својата приказна за бременоста.

Имено, таа чека тројкa, во која нема да има ништо чудно доколку не затруднеше прво со близнаци, а потоа за време на таа бременост зачна и трето дете.

Овој редок феномен се нарекува суперфетација и тоа подразбира ослободување на јајце клетка неколку недели по почетокот на бременоста, при што и ова јајце се оплодува!

Експертите утврдија дека тоа е можно и забележаа неколку случаи, но сè уште не е јасно зошто се појавува овој феномен.

Карен Бојл, признат американски експерт за репродуктивна медицина, верува дека суперфетацијата се јавува кога ќе се одложи всадувањето на ембрион (премин на ембрион низ ѕидот на матката), но сè уште нема официјална потврда на оваа теза.

Таквиот редок феномен природно привлече големо внимание на Тик Ток. Ова е нејзина прва бременост и вели дека близнаците ги зачнала природно. Сепак, 10 дена по зачнувањето на близнаците, се случи третото изненадување.

– Бидејќи првите две бебиња се постари од 10 и 11 дена од третото, сфативме дека третото бебе сигурно е зачнато подоцна – вели мајката, објаснувајќи понатаму дека е можно ова да и се случи на жена која, како неа, има овулации двапати месечно.

Телото треба природно да ги регулира хормоните и да престане со овулацијата кога ќе забремените, но во мојот случај, тоа не се случи. Одам на ултразвук на секои две недели за да се осигурам дека сè е во ред и дека близнаците нема да го апсорбираат третото бебе. Сè е во совршен ред, бебето е само десет дена зад близнаците и се развива совршено – вели оваа мајка, заклучувајќи дека ова ќе и биде прва и последна бременост, бидејќи од првиот пат ќе има три деца и дека планира природно породување.

escort - Korsan taksi