НАЈДЕТЕ 16 КРУГОВИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 45 СЕКУНДИ: Новата оптичка илузија збуни многумина, хит на социјалните мрежи! (ФОТО)

7 февруари, 2022
Screenshot_2

Обидете се да најдете 16 кругови меѓу квадратите за помалку од 45 секунди!

Новата оптичка илузија, која покажува квадрати со 16 кругови што треба да се најдат, стана хит на социјалните мрежи.

Илузијата ја создаде Ентони Нордис од Институтот за истражување Смит-Кетлвел во Сан Франциско, а таа започна да се шири на социјалните мрежи откако на Twitter ја објави Берни Софорт.

Квадратите се направени од црни, бели и сиви хоризонтални и вертикални линии, и еве објаснување зошто е тешко да се видат круговите меѓу нив. Имено, човечкото око секогаш се фокусира на затворени форми, како и на вертикални и хоризонтални линии.

Кога ја направи оваа илузија, Нордис им ја покажа на 45 луѓе, на кои им требаше просечно околу 45 секунди да ги најдат круговите – дали вие можете побрзо од нив?

Ако сè уште не сте ги забележале, видете каде се наоѓаат на сликата подолу:

escort - Korsan taksi