Оди во затвор затоа што кашлал кон неговата поранешна сопруга и ја заразил со Корона

13 мај, 2021
coronavirus-4957673_1920-1536x1024

Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со корона вирусот кашлајќи кон неа .

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува АР.

Мажот беше осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со Ковид-19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееја во истата куќа, а пред да се разведат.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашлал кон 70-годишничката откако дознал дека е позитивен на корона вирусот, изјави портпаролот на судот.

Тој бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедил да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да ѝ исплати 1.000 евра отштета на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекција со Ковид-19.

escort - Korsan taksi