ШТО ЗНАЧИ АКО ВО ВАШИОТ ДОМ ЧЕСТО СЕ КРШАТ ИЛИ ГУБАТ НЕКОИ РАБОТИ: Важно фенг шуи предупредување – никогаш не го игнорирајте!

19 јануари, 2022
Coffee,In,White,Cup,Spilled,With,Broken,On,Wooden,Background

Фенг Шуи предупредува – Еве што значи кога садовите пукаат, и што кога цевките протекуваат! Кршењето, губењето и расипувањето на работите во куќата се важен знак дека нешто не е во ред со енергијата во вашиот дом!

На сите им се случува да скршат некој сад или да изгубат нешто во куќата. Меѓутоа, кога работите често почнуваат да се кршат и исчезнуваат, фенг шуи предупредува дека може да се поврзе со негативна енергија.

Во повеќето случаи, хаосот во куќата започнува поради акумулација на негативна енергија. Ова може да се случи затоа што во куќата живее енергетски вампир или во неа често живеат негативни луѓе. Кршењето и губењето работи според фенг шуи укажува на тоа дека негативната енергија се задржува и се акумулира во домот, што исто така може да биде последица на неред, пренатрупани работи и неповолен фенг шуи, односно блокиран слободен проток на енергија.

Откријте што, според фенг шуи, симболизираат одредени дефекти:

Ако во вашиот дом протекуваат цевките или капе вода од чешмата, веројатно имате финансиски проблеми. Размислете колку рационално ги трошите парите и каде би вредело да заштедите.

Ако постојано ви недостасуваат ситници што ви требаат, шноли, траки за коса, клучеви, чорапи, капи, веројатно често се однесувате како егоист, правејќи ги вашите желби и потреби најважни. Покрај тоа, вие сте мрзливи и претпочитате да ја префрлите одговорноста на другите.

Искршени и испукани садови, како и пукнатини на мониторите или огледалата, покажуваат дека во куќата се подготвува сериозен конфликт. Ако не ги поправите расипаните работи на време, кавгата може да заврши со разделба.

Постојаните дефекти на електричните уреди, честите пукања на сијалиците, покажуваат дека луѓето од вашето минато не ви посакуваат добро. Вашата среќа ги спречува да живеат во мир.

Честите дефекти во куќата укажуваат на токсична врска во која сè помалку се почитувате.

Работите што се изгубени засекогаш, укажуваат на стагнација. Тие се сигнал да се исфрли сè што е старо и непотребно, создавајќи простор за ново, интересно и позитивно.

Се препорачува редовно да ја чистите енергијата во својот дом, а тоа најдобро ќе го направите ако ги исфрлите сите работи кои не ви се потребни и кои само ви зафаќаат простор. За енергијата во домот да биде здрава, важно е да се исфрли се што е пукнато и скршено, како и да се поправат расипаните работи.

escort - Korsan taksi