Слика од Пикасо пронајдена во плакар е продадена за 150 000 американски долари

1 јули, 2021
Screenshot 2021-07-01 203656

Сликата во комбинирана техника која се припишува на Пабло Пикасо е продадена откако таа поминала 50 години во плакар во една куќа во американската држава Мејн.

Аукциската куќа „Џон Мекинис“, со седиште во Масачусетс, потврди дека сликата наречена „Ле Трикорн“ е продадена во саботата по цена од 150.000 долари, пренесува АП.

Сликата, со димензии 40 х 40 сантиметри, е потпишана и датира од 1919 година, а се верува дека станува збор за студија за сценската завеса што Пикасо ја насликал за истоимениот балет, чија премиера била во Лондон истата година, според Историско друштво во Њујорк каде таа од 2015 година и се чува.

Ниту купувачот, ниту продавачот не беа именувани, но продавачот во изјавата на веб-страницата на аукциската куќа изјави дека сликата е пронајдена во плакарот од куќата што неговиот татко ја наследил од братучед кој студирал уметност во Европа во 1920-тите, меѓу 50 други слики.

escort - Korsan taksi