ТРОШИТЕ ПРЕМНОГУ БЕЗ ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ? Еве неколку совети за тоа како да заштедите пари и да ја подобрите финансиската состојба

25 јули, 2021
pari

Дали често го завршувате месецот во минус? Или се борите да се спасите од финансиска пропаст?

Вие не сте сами – повеќе од половина од луѓето ширум светот се во долгови и имаат лоши навики на трошење. Навистина е едноставно да потрошите помалку отколку што заработувате. Па, зошто е толку тешко за нас? Ако барате начини да бидете поодговорни со вашите пари или сакате да направите план за да ја постигнете целта за заштеда, тогаш овој напис е полн со начини кои ќе ви помогнат.

Да почнеме со основните совети

Клучот е да препознаете што е важно за вас, ако тоа е состанок со пријатели секој месец на пијалок или оброк, тогаш не сакате да ги одземете сите мали задоволства што ги имате во вашиот живот.

Буџетирање на „ парите за забава“ ќе ви помогне да продолжите понатаму кога заштедата на пари изгледа тешко. Пред да купите нешто, запрашајте се неколку едноставни прашања: Може ли да најдете поевтино на друго место? Дали веќе имате нешто слично? Можете ли да го позајмите? Дали ви треба и дали можете да си го дозволите тоа?

Отстранувањето на импулсите од потрошувачката може да направи огромна разлика.

Дали некогаш сте виделе нешто на Инстаграм и никако не сте можеле да му одолеете?

„Наплатете си себеси“ утврдете сума која секој месец ќе ја ставате на страна како заштеда. Ако го направите автоматски и без преговори, ќе си помогнете да започнете да штедите и да продолжите да го надополнувате секој месец.

Внимавајте кога купувате за да можете да влијаете на навиките кои ве поттикнуваат на тој чекор. На пример, ако купувате онлајн, пред да си легнете – престанете да го носите телефонот во кревет. Ако ви е досадно, најдете нешто што ќе ве исполни кога имате слободно време.

Купување работи на продажба – е само добра зделка, ако воопшто ви е потребна. Ако не, тогаш така непотребно трошите, без да заштедите. Престанете да трошите пари како начин на поминување на времето. Ако одењето до трговскиот центар ви претставува вид на забава, би било подобро да ја смените таа разонода во некоја која нема да ве чини ниту денар.

  • Не вршете бесконтактни плаќања
  • Внесете го вашиот ПИН или користете готовина за да бидете целосно свесни за вашето трошење
  • Направете список пред да купите нови работи
  • Поставете предизвик за замрзнување на месечна потрошувачка
  • Осигурете се дека „забавните пари“ се во вашиот буџет

Ова се едноставни промени што можете да ги направите. Но, како се справувате со случајот на мистериозно исчезнување на парите ?

Покрај тоа што треба да погледнете каде можете да заштедите пари, вреди да одвоите време да разгледате работи на кои можете да потрошите премногу.

Некои вообичаени области во кои можете да потрошите се следниве: Телефонска сметка: некои договори чинат огромни суми! Ова е шокантно затоа што многу мрежи ви даваат неограничени податоци, повици и СМС-пораки за само СИМ-пакет по многу пониски цени.

Осигурување на автомобил: Проверете кога полисата треба да се обнови, но земе те ги предвид и новите понуди, кои во некои случаи се и поисплатливи.

Брендиран лек: Состојките често се исти како и вашите лекови, затоа не паѓајте на фенси амбалажа и маркетинг.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да започнете наменско трошењето и да бидете во позитивно салдо. Не казнувајте се ако не можете веднаш да ги намалите трошоците. Веројатно ви требале години да создадете лоши навики – па не можете да очекувате да ги промените преку ноќ.

escort - Korsan taksi