ВЕНЕРА ВЛЕЗЕ ВО ЗНАКОТ НА РАК И ТАМУ ЌЕ ОСТАНЕ ДО 27 ЈУНИ: На овие знаци ќе им се случуваат само убави работи!

6 јуни, 2021
251435_horoskoprak_ls

Подгответе се за период полн со позитивни настани

Во овој период не е паметно да бегате од чувствата. Периодот до 10 јуни, кога Венера е во позитивен аспект со Јупитер, е особено поволен за меѓусебно разбирање и љубов. Во средината на јуни, Венера продолжува со позитивно влијание и се среќава со Уран, што носи нови и неочекувани можности, возбуда и пресврт на ситуацијата во наша полза.

Венера од Близнаците влезе во знакот на Рак и му се придружи на Марс во овој знак. Ова е нежна, грижлива и многу чувствителна Венера, насочена кон домот, семејството и љубовта.

Ќе почувствуваме наплив на емоции и ќе бараме сигурност.

Ако не го добиеме вниманието, топлината и љубовта по која копнееме, може да станеме многу незадоволни и премногу емотивни, особено на крајот на јуни кога Венера влегува во опозиција со Плутон.

Иако Венера во Рак е многу нежна, грижлива и полна со љубов и топлина, па затоа целиот овој период ќе го одбележи таа вибрација, таа е исто така многу мистична и магична.

Полна со женствена енергија, заводливост и сензуалност, па затоа ќе имаме многу интересни средби. Многумина ќе запознаат луѓе кои ќе ги заинтригираат и ќе започнат нови љубовни приказни.

Венера во Рак е особено поволна за самите Ракови, потоа за Скорпиите и Рибите, но и за Биковите и Девиците.

escort - Korsan taksi