Во овој град сè е БЕСПЛАТНО! Има храна за секого, а ова е единствениот услов!

2 април, 2021
6026_shopping-2411667-960-720_f

Главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, стана град со многу невообичаено место – продавница каде сè е бесплатно.

Оваа „Социјална продавница“ или „банка за храна“ како што се нарекува, е основана од градската организација „Мисија на Велингтон Сити“, која е основана во 1904 година со цел да одговори на барањата и потребите на локалното население.

Нивната цел, меѓу другите, е да изградат заедница заснована на грижа за другите, пишува порталот DDL.

Идејата за основање на ваква продавница произлезе од потребата за поддршка на заедницата преку обезбедување на пристап до храна и можност да се избере што сакаат. Исто така, се планира проширување на мрежата на вакви продавници во наредниот период.

Наместо цена, поени за купување

Со цел да се реализира можноста за купување тука, сите заинтересирани треба да контактираат со организацијата, за да објаснат во каква ситуација се наоѓаат и зошто им е потребен ваков вид на помош. После тоа, тие добиваат термин кога ќе можат да одат на шопинг.

Наместо цени, предметите во продавницата се обележани со поени од 1 до 5, каде 1 поен вредат најевтините намирници, додека 5 поени вредат намирници во вредност од повеќе од 10 долари.

Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени за набавката ќе му бидат доделени. На пример, возрасно лице со слободен брачен статус би добило околу 55 поени, додека семејство би добило значително повеќе.

На овој начин, социјално загрозените лица не добиваат готов пакет храна, туку сами одлучуваат што да купат и како да управуваат со својот буџет.

Веќе има околу 3000 производи во продавницата и во неа можете да најдете сè, освен алкохол и цигари. Социјалната продавница има поддршка од големи ланци на супермаркети, но донациите се секогаш добредојдени.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris