НЕМАТЕ ИДЕЈА НА ШТО СЕ ПОДГОТВЕНИ ВО КРЕВЕТОТ: Откријте ги скриените фантазии на секој знак – некои ќе ве шокираат!

6 јуни, 2021
seron-stoun-horoskop

Откријте за што фантазираат хороскопските знаци и како се однесуваат во спалната соба.

Дали сакате да знаете каков е вашиот нов партнер во кревет? Првото нешто што треба да го знаете е кога тој е роден. А, потоа прочитајте што велат астролозите за неговиот „перформанс“ во сексот!

Овен

Претставниците на овој знак не сакаат бавен и романтичен секс, им треба жестока акција за да покажат што можат и знаат. Со нив во кревет можете да се чувствувате како да сте на родео.

Бик

Претставниците на овој знак сакаат кога работите се случуваат спонтано и интензивно уживаат во сексот. Но, тие се премногу „чесни“ за да ги откријат своите вистински желби на првиот состанок, па ќе мора да ги опуштите за да го покажете целиот сјај на вашето сексуално битие. И тие се едни од најсензуалните знаци на Зодијакот.

Близнаци

Овој знак може да биде и активен учесник и набљудувач во кревет. Сака секс играчки и е навистина креативен во кревет. Близнаците се познати по мултитаскингот, па затоа не им претставува проблем да прават повеќе работи истовремено.

Рак

Претставниците на овој знак едноставно обожаваат „игри со улоги“. Но, во исто време, тие се многу тактични и се обидуваат да ги запомнат сите ваши ерогени зони со цел да ви дадат максимално задоволство. Тие прават сè технички, но не секогаш со душа. За да го извлечете максимумот од нив, мора навистина да ги инспирирате.

Лав

Претставниците на овој знак сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа ќе бидат многу среќни ако предложите да се снимате за време на сексот. Ќе се обидат да ве опуштат, бидејќи сакаат искуството да биде целосно. Тие не знаат за срам и се малку настрани.

Девица

Можеби мислите дека пресметливата Девица е ладна во кревет, но вистината е сосема спротивна. Во спалната соба, тие целосно се препуштаат на сензуалните задоволства. Сакаат да експериментираат, но под услов да имаат доверба во партнерот.

Вага

Сакаат долга предигра, тие се посветени љубовници, но важно им е за возврат да го привлечат истото внимание. Не може да се каже дека тие се особено страствени, но недостатокот на бурни чувства го компензираат со нежност. Тие ќе се согласат на игри во креветот само кога добро го познаваат својот партнер.

Шкорпија

Шкорпиите се едни од најстраствените и декадентни знаци на Зодијакот. Во кревет со нив, ќе добиете сè, и повеќе од тоа, сè за што никогаш не сте се осмелиле да сонувате. Шкорпиите многу добро ги читаат емоциите и им нема рамни кога станува збор за толкување на говорот на телото. Подгответе се за експлозија на страст и незаборавно доживување.

Стрелец

Претставниците на овој знак се исклучително љубопитни, а такви се и во сексот. Ќе пробаат сè, но нивната чувствителност не е нивната силна страна. За нив повеќе или помалку сè е експеримент, па затоа се склони кон перверзии. Тие брзо го достигнуваат врвот и всушност сексот не игра важна улога во нивните животи.

Јарец

Претставниците на овој знак се исклучително издржливи љубовници, но малку конзервативни. Со нив, бидете сигурни дека ќе се потрудат и двајцата да уживате во сексот, но без „акробации“. Експериментирањето доаѓа само по долго време, кога ќе ги исцрпат сите свои „испробани“ трикови.

Водолија

Претставниците на овој знак се исклучително љубопитни и во сексот се однесуваат како вистински научници на прагот на уште едно откритие. Тие, се разбира, сакаат да експериментираат со материјали, текстури, температури и храна. Ако сакате да пробате нешто ново, необично и креативно, Водолијата е вистинскиот партнер за вас.

Риби

Претставниците на овој знак се пасивни љубовници на кои им е најважно да му угодат на својот партнер. Тие самите не се особено имагинативни, но со задоволство ќе прифатат кој било ваш предлог и сугестија, дури и оние што се срамите да ги изговорите. Ако барате партнер кој ќе ја реализира секоја ваша фантазија, поканете ги Рибите.

escort - Korsan taksi