Одлична вест: Може да согорувате калории додека гледате телевизија, но има една работа …

25 април, 2021
4bf6d410-4d5e-460d-970e-d22736cf899e

ШТО би помислиле ако ви кажеме дека всушност можете да бидете во форма додека го гледате омилениот филм или ТВ-емисија? Звучи нереално, но експертите за витамини и додатоци во исхраната тврдат дека тоа е можно.

Тие велат дека седењето додека гледате телевизија обично согорува помалку од 30 калории на час. За жал, тоа е помалку отколку калориите кои ги согорувате додека спиете. Меѓутоа, ако гледате нешто што го зголемува вашиот адреналин, може да потрошите повеќе калории.

Всушност, студиите покажуваат дека гледањето хорор или трилер од 90 минути согорува просечно 113 калории, приближно исто како и 30-минутната прошетка!

Но, тоа не е единствената таква активност што согорува калории.

Податоците исто така открија дека седењето пред екранот играјќи игри ќе согори и приближно 70 калории на час. Дури и половина час пишување додека работите од дома може да потроши помеѓу 41 и 61 калорија. Интересно е штои  дремењето согорува енергија, при што просечно лице согорува приближно 68 до 91 калорија на час сон, пренесува Daily Star.

escort - Korsan taksi