Пар остаре 70 години за само пет минути (ВИДЕО)

15 јуни, 2021
d67e82d15ec4696b075291f71423bf30d559c30d

Ова е секако еден од најтрогателните клипови што се појави во последно време и многу брзо достигна милиони прегледи.

Особено ќе ги допре оние кои се во врска со личност со која сакаат да доживеат длабока старост.

Без разлика дали сте емотивна или резервирана личност, ако имате некој со кого сакате да го споделите вашиот живот, сигурно нема да останете рамнодушни на ова видео. Како дел од проектот, младиот пар Кирсти и Тавис, кои ќе стапат во брак, се согласија професионални шминкери да ги трансформираат и да ги претворат во нивни постари верзии.

Експеримент

Она што првично изгледало како забавен експеримент, се претвори во многу емотивно патување кон иднината и навестување како треба да изгледаат нивните животи. Кога првпат се видоа себеси како стари луѓе, и Кирсти и Тавис реагираа прилично емотивно, а сигурни сме дека солзите ќе заискрат и во вас.

escort - Korsan taksi