ПРИСТИГНУВА РЕТРОГРАДНИОТ МЕРКУР! Подгответе се за НОВО ЛУДИЛО – еве на кои знаци им СЕ ВРАЌА ПОРАНЕШНАТА ЉУБОВ

18 мај, 2021
80535_merkur_f

Меркур од знакот Близнаци ќе го започне својот ретрограден од на 30 мај, а на 23 јуни повторно ќе биде директен. Во оние области со кои управува Меркур, ова влијание може да донесе одложувања, ненамерни грешки, разни пропусти, затоа бидете внимателни

Меркур ги симболизира сообраќајот, комуникациите, технологијата, трговијата, администрацијата, документите… И сè во таа симболика лесно може да тргне наопаку, пишува Astrousluge.com

Патем, додека Меркур се движи ретроградно во моментот кога ќе се прегрне со Венера, тоа ни кажува дека доаѓа периодот на враќање на поранешните љубови, особено кај Стрелците, Водолиите и Ракот!

Овен                                    

Кај Овенот, Меркур го активира третото поле, полето на сообраќај, комуникација, роднини … па можете да ги очекувате неговите изненадувања во овие области.

Бик

Бидете внимателни со финансиите, бидејќи Меркур поминува низ вашето поле на пари! Многу е веројатно дека очекуваните пари ќе задоцнат!

Близнаци

Влијанието на Меркур ги забавува Близнаците, ќе бидете расеани и побавни од вообичаеното, ќе уживате во осаменоста, одморот, излежувањето…

Рак

Ракот го активира полето на тајни и тајни врски и враќање на љубовта од минатото.

Лав

Лавовите ќе имаат недоразбирања во полето на пријателството, договорите ќе бидат одложени и ќе добијат непредвиден тек.

Девица

За девиците, ова влијание го активира полето на професијата, па можни се грешки, проверете дали сте потпишале некои важни документи!

Вага

Вагите можат да имаат проблем со испитите, одложување на испити, промена на датуми или промена на професори кои ќе бидат на вашиот испит. Периодот е поволен ако полагате испит што веќе сте го полагале неколку пати!

Шкорпија

Шкорпиите можат да имаат непредвидени ситуации со банки, кредити, туѓи пари… ова влијание го олеснува создавањето на некои грешки и пропусти.

Стрелец

На Стрелците им се враќа поренешната љубов. Без разлика дали сте слободни или зафатени, ова влијание повторно ќе го вкрсти вашиот пат со важна личност од минатото!

Јарец

Областа на работа и соработниците ќе бидат активирани од ова влијание и ќе ви донесат недоразбирања, непочитување на договорите, промени на деловниот план што не сте ги очекувале!

Водолија

Водолијата има силно активирано поле на љубовта, па дури и две лица ќе бидат актуелни! Овој период ви носи средба со личност за која сонувавте и се надевавте долго време!

Риби

Во овој период ќе бидат нагласени недоразбирањата од областа на семејството и од областа на семејните односи. Не ветувајте додека не сте сто проценти сигурни дека можете да ги исполните навреме, бидејќи тоа може да стане причина за главниот конфликт.

escort - Korsan taksi