Зошто се прозеваме кога гледаме други како зеваат?

27 мај, 2021
Happy,Family;,Mother,,father,And,Their,Son,Waking,Up,And

Студиите покажаа дека зевањето активира „огледални неврони“ во еден дел од мозокот, но треба да се напомене дека оваа реакција е ограничена само на целосно развиени мозоци, смета д-р Рајан Сакир.

„Зевањето се состои во ненамерно отворање на устата широко и максимално проширување на вилицата проследено со длабоко вдишување и бавно издишување“, објаснува д-р Сакир од Велика Британија, додавајќи дека овој секојдневен феномен на науката сè уште не и е целосно јасен.

Најчудниот детал за зевањето е неговата „заразност“.

Постојат многу студии на оваа тема, така што има некои објаснувања зошто мора да зеваме кога ќе видиме дека некој друг го прави тоа. Објаснувањето лежи во психологијата, но прво треба да се разјаснат причините за зевањето, пишува Real Simple.

Зошто воопшто зеваме?

Многумина претпоставуваат дека зеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото. Научниците исто така веруваа во тоа до пред 30 години. Сепак, оваа теорија беше побиена со низа експерименти објавени во 1987 година, кои не докажаа никаква поврзаност помеѓу недостатокот на кислород и потребата од зевање.

Денес, една од најпопуларните теории е дека зеваме од возбуда.

„Како што се заморуваме, особено кога гледаме и слушаме нешто неинтересно, на пример, некои предавања, зевањето се појавува како средство за будење. Истражувањата покажаа дека тоа е вистина, бидејќи срцевиот ритам се зголемува по зевањето и достигнува врв од 10 до 15 секунди по тоа дејство, слично на наплив на кофеин“, вели д-р Сакир.

Зевањето е поврзано и со ладење на мозокот, што може да биде причина зошто почесто се прозеваме со пораст на температурата.

„Кога мускулите на лицето се релаксираат, тоа овозможува губење на топлина преку вените на лицето и влегување на ладен воздух, што помага при намалување на температурата на мозокот“, објасни лекарот.

Луѓето често зеваат кога гледаат други како го прават тоа, но не сите. Според истражувачите, најверојатната причина за тоа е емпатијата.

„Како што луѓето стареат, тие го подобруваат нивниот психосоцијален и невролошки развој, па затоа прозевањето на некој друг станува еден вид знак дека треба да го сторат истото. Овој феномен е познат како ехофеномен, а се јавува и кај шимпанзата, и кај кучињата“, вели д-р Сакир, истакнувајќи дека зевањето не е само она што несвесно го копираме едни од други.

„На пример, ние автоматски ги имитираме туѓите зборови (ехолалија) или постапки (ехопраксија) и го правиме сето ова за подобро да се вклопиме“, објасни докторот.

Таквото однесување е сосема природно затоа што нашиот мозок е така програмиран – да ги копира луѓето со кои сме опкружени.

Истражувањата покажуваат дека децата, чии мозоци сè уште се развиваат, зеваат само кога се уморни, но не и кога некој до нив го прави тоа, како што е случајот со возрасните, чиј мозок е целосно развиен.

„Покрај тоа, студиите покажаа дека сме повеќе склони кон „копирање“ на зевањето кога го прават луѓе за кои се грижиме и со кои сме блиски.

На пример, ако некој од семејството се прозева, поголема е веројатноста да зевате отколку кога ќе се прозее некој странец. Ова се случува токму поради емпатијата, кога несвесно сакаме да ги повториме постапките на драгите луѓе“, вели д-р Сакир.

escort - Korsan taksi