„Леле, одлично и стои“, „Поубава ми е старата фризура“, „Ја извадила надградбата“, се само некои од коментарите
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ се венчаа пред неколку дена во тајност на фармата на Наташа Беквалац во Ченеј, а на венчавката присуствуваа само 50 гости.
Откако официјално заплови во брачните води, пејачката одлучи да го промени имиџот, па ја смени фризурата.
Долгата црна коса ја замени со многу пократка и целосно ги изненади своите следбеници, а фотографијата се појави на профилот на нејзиниот фризер и пријател.
Веднаш потоа следеа коментарите на фановите кои ја видоа фотографијата од новата фризура на пејачката.
„Леле, одлично и стои“, „Поубава ми е старата фризура“, „Ја извадила надградбата“, се само некои од коментарите.