За што се работи овде?
Пејачката Северина Којиќ ги збуни своите бројни следбеници на социјалните мрежи кога на почетокот на овој месец, неколку дена по ред, објавуваше фотографии во костим за капење од Малдивите.
Сепак, според локалните медиуми, таа во тоа време била во Загреб, а наводно причината што го сторила тоа е да го направи љубоморен нејзиниот сопруг Игор Којиќ.
– Северина намерно ги објави тие фотографии од Малдивите. Првенствено за да го направи Игор љубоморен и да го натера да помисли дека отишла на егзотично патување без него. И, покрај тоа, за да ја покаже својата совршена фигура во костим за капење, бидејќи изгледа совршено, тренираше буквално секој ден. Ги збуни сите со тие слики, па додека Игор и нејзините обожаватели сметаа дека плива и ужива далеку од Хрватска, таа и нејзините соработници снимаа песни во Загреб – рекол изворот.