Теодора им приреди вечер за паметење на фановите.
Пејачката Теодора Џехверовиќ, која сакаше да се дружи со публиката, но и публиката со неа, скокна во базенот за време на нејзиниот настап и создаде неверојатна атмосфера!
Со овој потег, кој во најмала рака беше неочекуван, таа ја доведе атмосферата до лудило и ги воодушеви обожавателите што дојдоа да ја слушаат.
Згодната пејачка скокна во базенот облечена, во црни шорцеви и топ, па тоа беше вистински рај за мажите.
Присутните се собраа околу неа, и во базенот и надвор, почнаа да бројат и … Теодора рипна во базенот!
Следеше врисок, а таа подготви ноќ за паметење.
“Каков лом направивме. Им благодарам на сите што беа таму синоќа. Беше ноќ за паметење”, напиша таа подоцна со емотикони срце, а потоа објави кратко видео на кое позира завиткана во пешкир.