За финалната вечер на „Ѕвездите на Гранд“ Јелена Карлеуша избра бомбастичен стајлинг.
Во финалната вечер на музичкиот натпревар „ Ѕвездите на Гранд “, сите со нетрпение ја чекаа Јелена Карлеуша, која привлекува големо внимание со своите стајлинзи во последните две години.
Така беше и вчера вечер во големото финале на 14-та сезона, за која Јелена одбра да биде во уште побомбастично издание – како што се очекуваше.
Ги изнесе градите во преден план во необична и оригинална секси креација, а во некои моменти изгледаше како да нема ниту долна облека.
Како што и самата изјави претходно, најдобро се чувствува кога не носи долна облека, односно кога е гола, па што не би било така на крајот на двегодишниот натпревар…
Погледнете ги фотографиите ЈК и проценете сами!