Покрај тоа што има иста фризура како Мерлин Монро, Татјана Камерун, попозната како Тајчи, блескаше и гореше во поранешна Југославија, а и денес изгледа неодоливо!
Нејзините хитови како што се: “Hajde da ludujemo ove noći“, “Moj mali je opasan“, “Ti nemaš prava na mene”“ важат за хитови за сите времиња и за сите генерации, а ретко кој ќе каже дека не ги знае нив на памет!
За разлика од многу тогашни пејачки, Тајчи секогаш имаше фантастична кореографија за време на настапот и со тоа лесно ја освојуваше публиката, поради што беше испратена на Евровизија во 1990 година, со хитот „Hajde da ludujemo“.
Меѓутоа, по завршувањето на граѓанската војна, пејачката ги спакувала куферите и заминала на училиште во Америка, каде ја запознала љубовта на нејзиниот живот, младиот пијанист Метју Камерун – со кој имала три сина.
Таа сè уште живее во САД и изгледа фантастично, иако навлезе во шестата деценија од животот.
Што се однесува до кариерата, Татјана го промени жанрот и денес се занимава со духовно пеење. Таа е и мотивациски говорник кој споделува позитивни совети за посреќен живот.