Јелена Карлеуша си даде одмор од една недела, па со ќерките Атина и Ника и со продуцентот Зоран Бирташевиќ отпатува во Дубаи.
Покрај жешките кадри од стаклениот базен, кои се, можеби, најпровокативните што ги има објавено досега, Јелена сподели и кратко видео со своите наследнички.
На него не прават ништо интересно и посебно, па токму затоа стана хит меѓу фановите.
Имено, Зоран ги снимал како седат во хотел – на неколку метри, секоја на стол и секоја со својата „работа“, не обрнувајќи внимание на ништо друго.
Видеото слатко ги насмеа нивните фанови, бидејќи се знае дека наследничките на Јелена веќе имаат голем број на оние кои ги сакаат и поддржуваат, па отвораат разни фан страни и слично.
Видеото може да го погледнете ТУКА
Инаку, Јелена и тимот се враќаат од Дубаи денеска, овој петок, бидејќи поп ѕвездата в сабота има закажан настап во Минхен.