Бројните следбеници забележаа дека пејачката е видливо послаба и поиспеглана на една фотографија
Скоро и да нема славна личност која барем еднаш не „чачкала“ на фотографијата во која било програма за „разубавување“. Светот на Инстаграм честопати бара совршено витка фигура, бисерно бели заби, задник без стрии или целулит и совршено „испеглано“ лице без видливи брчки. И, се разбира, без да заминете под нож, многу е тешко да се постигне таков изглед, па многу sвезди едноставно посегнуваат по Фотошоп.
Последна на списокот на корисници на „Фотошоп“ беше српската пејачка Сања Вучиќ, член на групата „Ураган“, со која пошироката јавност се сретна на овогодинешното натпреварување на Евросонг. Српските медиуми сега пишуваат дека црнокосата убавица не е целосно задоволна од нејзиниот физички изглед, па затоа решила малку да се среди во Фотошоп.
На својот профил на Инстаграм, таа објави фотографија на која позира во летно здолниште и горен дел, а потоа слична фотографија објави и шминкерот кој беше задолжен за шминката на Сања. Бројни следбеници забележаа дека пејачката е видливо послаба и поиспеглана на едната фотографија. Некои отидоа чекор подалеку и коментираа како „Ураганката“ на фотографијата што ја објавила на својот профил ги стеснила половината и нозете.
И додека некои коментираа дека не им е јасно зошто Сања треба да чепка по фотографиите кога сè уште изгледа совршено, други коментираат дека разликата помеѓу двете „спорни“ фотографии е многу очигледна. ‘Зошто секоја девојка сака да изгледа исто? Која е поентата на фотошопот кога сте јавна личност и постојано сте во контакт со луѓе ’, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.