ЈА ПОГОДИ ФИНАНСИСКА КРИЗА! Маја Беровиќ проговори за САМОДОВЕРБАТА: НАЈМАЛКУ СУМ СИ ПРИВЛЕЧНА КОГА ЌЕ СЕ ВИДАМ ВО ОГЛЕДАЛО!

popara22 јули, 20211min0
364991_screenshot-11-kopija_f

Популарната пејачка Маја Беровиќ зборуваше за враќањето на сцената, настапите, финансиската криза и изгледот по ударните бранови на пандемијата.

На самиот почеток, Маја се допре за фактот колку многу и недостигале настапите.

– Ќе излажам ако кажам дека не ми недостигаат. Искрено, концертите кои траат повеќе од два часа ми даваат сила за сè што создавам во животот. Адреналинот е нешто што секогаш ме возбудува и важно ми е мојата публика да си поминува убаво на концертите. Се надевав дека епидемиолошките услови ќе ни овозможат да настапуваме порано, но добро е што не го поминавме летото во карантин како што беше минатата година. Ќе имам мини летна турнеја, така што се надевам дека ќе продолжам со бројните настапи и концерти за време на есента – вели Маја и открива колку финансиската криза ја погодила

– Не е лесно, но верувам дека има многу потешки случаи, затоа не сакам да се жалам. Сите се обидовме да се погрижиме за тоа колку и како ги трошиме парите кога започна пандемијата, по тоа и се водев – открива пејачката.

Бидејќи времето на пандемијата влијаеше на сите да се посветат повеќе на своето семејство, популарната пејачка открива дали ова бил случајот и кај неа.

– Никогаш не сме имале толку многу време колку што поминавме заедно сега. Поради моите концерти, патував многу, па немав време да поминам една недела дома. Сега тоа се смени, па јас и мојот сопруг имавме многу време за себе. Гледавме заедно филмови и серии, обично турски, заедно вежбавме. Поминувавме време уживајќи еден со друг. Ни недостасуваше тоа сите овие години – вели Беровиќ, па открива дали некогаш играла на картата на атрактивноста.

– Која жена никогаш не играла на таа карта? Сите ние се обидуваме да бидеме убави, привлечни, паметни и харизматични. Некој во поголема мера, некој во помала мера. За мене е важно да изгледам добро, затоа се обидувам да вежбам што е можно повеќе и да се грижам за начинот на живот што го водам. Понекогаш можам да го сторам тоа како што сакам, а понекогаш се борам да не јадам премногу храна. Кога тоа ќе се случи, најмалку сум си привлечна кога ќе се видам во огледало – вели Маја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma