По спектакуларниот настап во Будва, којшто го одржа во саботата, пејачката го продолжи престојот во Црна Гора и сега ужива во заслужениот одмор.
Имајќи предвид дека и ќерката на Цеца, Анастасија, е во Црна Гора, пејачката поминува многу време со неа и нејзините пријатели.
Сепак, денес таа беше без Анастасија и уживаше на јахтата слушајќи ја песната на нејзиниот колега Халид Бешлиќ.
Цеца сними луксузен брод како плови со полна брзина преку Јадранското Море, а на крајот од снимањето, пејачката го покажа своето бујно деколте, од кое многумина не можеа да го тргнат погледот.