По раскинувањето, Цеца Ражнатовиќ се опушти на плажа и сподели жешки кадри во бикини.
Пред неколку вечери Светлана Цеца Ражнатовиќ официјално ја отвори летната сезона во Будва, настапувајќи во еден од најголемите црногорски клубови, каде традиционално секоја година настапува пред голем број луѓе, а по деловните обврски, реши да се опушти на крајбрежјето.
Откако ги негираше приказните за раскинувањето со Богдан Срејовиќ, Цеца во придружба на ќерката Анастасија и пејачката Марина Висковиќ ја посети црногорската плажа каде уживаше и ги „почести“ своите следбеници со жешки фотографии во бикини.
Таа најпрво го покажа тимот со кого ќе го помине денот, а потоа во неколку поголеми кадри и самата себе како се одмара на лежалка во зелен костим за капење.
Глетката на деколтето на Цеца никогаш не остава никого рамнодушен, па пејачката и овој пат собра голем број комплименти.
Погледнете: