Коментарот на Атина доби скоро 600 лајкови за многу кратко време, но одговори и една загрижена следбеничка.
Српската пејачка Јелена Карлеуша (42) уште еднаш ја запали фантазијата на своите следбеници на Instagram. Овој пат таа позираше во црно ПВЦ боди со корсет кој едвај го задржа бујното деколте.
На фотографијата, Јелена малку поигра со темата на култниот филм „Матрикс“, а нејзината ќерка Атина Тошиќ (12) веднаш се појави во коментарите.
„Мамо, те сакам“, напиша таа, а Јелена одговори: „Мама ја сака најубавата принцеза на Светот“. Коментарот на Атина за кратко време доби скоро 600 лајкови. Но, се појави и загрижена следбеничка и ја критикуваше.
„Изгледаш постаро отколку што си. Однесувај се според твојата возраст. Ако е Јелена таква, не не мораш и ти. Претпоставувам дека таа те обезбеди до крајот на својот живот со својот задник “,напишала таа, а ниту Јелена ниту Атина не одговорија ништо.